Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на утринска Велигденска молитва во црквата „Св. Богородица Каменско“ во Охрид. На литургијата присуствуваа и сопругата Боркица и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, соопшти „Канал 5“.
Заедно повикаа на мир, толеранција и љубов.
– Христос Воскресна, Навистина Воскресна! Посакувам многу здравје, среќа и успех на сите граѓани во Република Македонијa, кои што се од христијанска вероисповед и на сите останати. И Господ да ни даде повеќе сила, мудрост да продолжиме со нашите успеси и решавање на нашите предизвици, рече Никола Груевски прeтседател на Владата на РМ.
Здравје, среќа, мир, благодет и спокој во секој дом и во сечие срце. Христос Воскресна , Навистина Воскресна, рече Никола Бакрачески граоначалник на Охрид.
Илјадници верници од земјава и странство синоќа во Светиклиментовиот храм на Плаошник ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение. Со свеќи во раце се помолија за подобро утре. Таму Велигден го дочека претседателот на собранието Трајко Вељановски со семејството.
– Сплотеноста која што постои кај граѓаните на РМ на вакви празници да ни биде поттик ние политичарите да се сплотиме за доброто на Република Македонија и за преземање на важни чекори за Република Македонија. Христос Воскресе, Навистина Воскресе , рече претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Велјановски
Несекојдневна прослава на Велигден се одржа во “Музејот на вода” во Градиште. Нуркачите традиционалното кршење со велигденски јајца за прв пат го направија под вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Охрид e најзадолжена општина
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница


