| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео: Снимен мометот кога терористот почна да гази луѓе во Ница

nicanapadytkamion1На социјалните мрежи денеска се шири снимка од стравичниот момент кога терористот Мохамед Лахуаеј Бухлел со камион почна да гази пешаци на променадата во Ница за време на прославата на францускиот национален празник.

На видеото се гледа како луѓето уживаат во прославата движејќи се кон бината на која бенд изведувал музичка програма.

Неколку моменти подоцна во кадар на камерата влегува камионот кој почнува да забрзува кон пешаците. Жената во тој момент почнува да вика: Мадона, Мадона!

Во нападот загинаа 84 луѓе, а повеќе од 100 беа тешко повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top