| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот од Ница сепак не бил осамен волк – Уапсени уште пет осомничени соработници

nica

Уапсени се пет лица за кои се верува дека имале врска со напаѓачот кој со камион уби 84 луѓе во Ница, соопшти јавното обвинителство во Париз. Тројца се уапсени денеска, а двајца вчера.

Организацијата Исламска држава (ИД) тврди дека нападот го извел еден нејзин приврзеник. Новинската агенција Амак, која е поврзана со ИД објави: „Тој го изведе нападот како одговор на повиците да се напаѓаат жители на коалицијата која се бори против Исламска држава“.

Возачот на камионот е Тунижанец со француско државјанство Мухамед Лауаеж-Булел (31).

Францсукиот претседател Франсоа Оланд денеска заседаваше со кризниот штаб, а вчера изјави дека нападот е „неодречиво од терористичка природа“ и веќе ја продолжи постоечката вонредна состојба на уште 3 месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top