
Многу е веројатен терористички напад на Велика Британија, предупреди новата британска премиерка Тереза Меј. Таа рече дека Британците не треба да очекуваат дека не може и кај нив да се случи терористички чин како во Ница или во Брисел.
– Нивото на опасност овде е веќе сериозно, што значи дека терористички напад е многу можен, посочи Меј.
Тоа е само еден степен подолу од формулацијата „критично“, што значи дека напад се очекува во брзо време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


