| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнис Инсјадер: Луѓето кои постојано доцнат се успешни и креативни

Late-for-Meeting

Сите имаат по некој пријател или колега, кој постојано доцни на сите договорени средби или на работното место. Ваквите луѓе по правило се сметаат за безобразни, вообразени и себични, но како што објави Бизнис Инсајдер, тие всушност се позитивни личности, кои ги карактеризира оптимизам, креативност и успешност, како во приватниот живот, така и на работа.

Според Бизнис Инсајдер, овие луѓе доцнат поради нивниот оптимиситчки став дека „имаат повеќе време“, поради што живеат полежерно, што пак им создава можност за поголема креативност и успешност во животот.

Иако за ваквите тврдења засега нема научен доказ, сепак тие најверојатно ќе ги воодушеват оние кои ги излудуваат своите блиски со постојаното доцнење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top