Од рано утринава нема откажани летови на скопскиот аеродром. Полетувањата кои се закажани до 9 часот утринава се реализирани со задоцнување од околу еден час.
За попладнево, најавени се доцнења на авионите на Визер, кои треба да полетаат од Скопје за Меминген, Базел и Тревизо. Сите три лета ќе доцнат по околу 40 минути, информираат од скопскиот Аеродром Александар Велики.
исто така кај реализирањето на летовите на Визер за Копенхаген во 18 часот и за Хамбург во 18:15 часот, ќе има задоцнување во пролетувањето од еден час и 30 минути.
Што однесува до слетувањата, од ноќеска на полноќ, летовите биде реализирани со минимални доцнења од околу 15 минути.
За текот на денешниот ден, најавени се доцнења од еден час, односно час и половина за летовите на Визер до Келн, Гетебург и Сандефјорд.
За летовите по 13 часот засега нема информации за евентуални доцнења или откажувања.
На охридскиот аеродром за денеска нема закажани полетувања и слетувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.