| четврток, 6 декември 2018 |

Марин Ле Пен: Време е да објавиме војна!

marin-le-pen-1

Лидерката на десничарскиот Народен фронт Марин Ле Пен соопшти дека е неопходно да му се „објави војна на исламскиот фундаментализам“ по нападот во Ница.

Иако во момнтот кога Марин Ле Пен ја дава изнавата не се знаеја мотивие ниту пак Исламската држава ја имаше преземено одговорноста, Ле Пен изјави дека веќе не може да се седи со скрстени раце.

-Војната против исламскиот фундаментализам се уште не почнала, но сега е неопходно што поскоро да ја прогласиме. Не можеме да ги преброиме мртвите по терористичкиот напад.

Неопходное  да се реагира, вели таа, да се спроведат мерки на превенција и сузбивање на тероризмот и „одлучно да се исчисти плевелот на исламскиот фундаментализам“.

-Овој ден е ден ана страдање за целата Франција и јас ќе ја вложам целата енергија да ја започнеме војната, рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top