| четврток, 6 декември 2018 |

Турските разузнавачи открија: Обидот за државен удар бил организиран преку Whats App

whatsapp-puc-organizovanje-foto-printscreen-twitter-1468681181-951387

Турската новинска агенција Анадолија јави дека бунтовниците користеле Whats App како главен канал за комуникација во подготовките за обидот за државниот удар. Во пораките кои се објавени во турските медиуми, се гледа како бунтовниците помеѓу се договарале каде да се најдат и како да го блокираат сообраќајот во Истанбул, а се координирале и за тоа како да ги блокираат видео врските на итните државни канали.

За потсетување, вооружени група војни вчеравечер со тенкови и хеликоптери излегоа на улица и заземаа неколку клучни објекти во Анкара и Истанбул, а беше нападната и претседателската палата во обидот за државен преврат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top