| четврток, 6 декември 2018 |

Едроган побара од Обама апсење и екстрадиција на Гулен

erdogan

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во текот на првиот говор во Истанбул по обидот за државен удар синоќа, побара од претседателот на САД, Барак Обама да влијателниот муслимански свештеник Фетулах Гулен биде уапсен и екстрадиран.

Ердоган смета дека токму Гулен е одговорен за синоќешниот обид на дел од војската на Турција за државен удар – пренесува британски Гардијан.

Тој потенцираше дека ако САД и Турција се навистина стратешки сојузници тогаш американскиот претседател треба да му помогне нему и на целата турска нација околку случајот со Гулен кој сега живее во Пенсилванија откако ги наруши односите со државните власти пред две години и избега од државата.

gulen

Гулен до пред две години му беше голем пријател и сојузник на Ердоган, но во меѓувреме му стана најголем политички непријател. Движењето на имамот беше главна подршка на Партијата за правда и развој на Турција која дојде на власт во 2002 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top