| четврток, 6 декември 2018 |

Команданти, судии и воени лица – Ова се имињата на учесниците во обидот за воен удар во Турција

turk

Судијата Алпарслан Алтан, еден од 17-те членови на Уставниот суд на Турција е уапсен поради обидот за воен преврат, јави телевиизјата Си-Ен-Ен Турк.  Уапсени се и повеќе високи воени лица, меѓу кои генералите од Втората армија, Адем Худити, Авни Ангун, Исхак Дојоглу.

Поранешниот командант на военовоздухопловните сили Акан Јозтурк е уапсен во воздушната база Акинџи. Уапсен е и командантот на Третата армија, генерал Ердал Јозтурк. Досега се уапсени речиси три илјади лица по обидот за воен удар во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top