
Минатата недела беше соопштено дека Марко Асенсио е фудбалерот на Реал Мадрид за кој се заинтересирани преку 20 екипи од Европа, а ако првично беше предвидено да се испрати талентираниот офанзивен играч на нова позајмица, ситуацијата се промени во изминативе неколку денови по инсистирање на Зинедин Зидан.
Тренерот на „кралскиот клуб“ очигледно добро ги следел неговите одлични изданија во дресот на Еспањол, па за своја првична желба во летниот преоден рок го посочил продолжувањето на договорот на младиот 20-годишен фудбалер кој сега повеќе од веројатно е дека ќе добие шанса во Реал во новата натпреварувачка сезона, или најмалку шанса за докажување во пресезонските подготовки.
Флорентино Перез експресно го остварил барањето на францускиот стручњак и го продолжил договорот на Асенсио до 2022 година, со тоа што значително му ја зголемил платата за разлика од првичниот договор кој имаше важност до 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)


