| четврток, 6 декември 2018 |

Челси го „лапна“ Канте“: Ми се оствари сонот, ќе играм за еден од најголемите клубови

Leicester City v Newcastle United - Premier League

Челси попладнево го официјализираше доаѓањето на Нголо Канте, кој пристигна на „Стемфорд бриџ“ од редовите на Лестер. Антонио Конте бараше „работник“ на средината од теренот, Канте одлично се вклопува во тој опис, па раководството на лондонскиот клуб ги исполни барањата на Лестер, доведувајќи го францускиот репрезентативец за сума од 32 милиони фунти.

– Пресреќен сум бидејќи доаѓам во еден од најголемите клубови во Европа. За мене овој трансфер е исполнување на сонот. Првата сезона во Англија ми беше посебна, се надевам дека ќе продолжам во ист стил и во следниот период. Во Лестер минав една прекрасна сезона, но не можев да ја одбијам можноста што му се укажа – да играм за брилијантен тренер како Антонио Конте, крај дел од најдобрите фудбалери во светот – изјави Канте по потпишувањето на петгодишниот договор со Челси.

Антонио Конте уште десетина дена ќе го нема францускиот ас на располагање, со оглед на фактот дека Канте се уште се наоѓа на одмор по настапо на ЕВРО 2016. Тој е второто засилување на Челси во овој преоден рок, по белгискиот голгетер Батшуаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top