
Гласот на претседателот Реџеп Таип Ердоган долго не се слушаше откако бунтовниците преземаа неколку државни институции и медиуми. Меѓутоа, како што пишува BBC, за државниот удар да бил успешен, неговите лидери би требало да го изостават Ердоган од целата слика. Со часови не беше познато каде се наоѓа претседателот. Некои информации велеа дека е на летување, кога тој за кратко се појави на аеродромот Ататурк во Истанбул, по што закажа прес конференција за новинарите. Во моментот кога се појави во Истанбул, стана јасно дека владата ја враќа контролата и дека ја има поддршката на високите воени чиновници.
– Ова беше чин на тероризам, изјави Ердоган во своето обраќање.
Советникот на Ердоган Илнур Чевик за BBC изјавил дека ударот бил неуспешен заради вољата на народот.
BBC наведува и дека за државниот удар да биде успешен, потребно е да има огромна поддршка, што воопшто не беше случај вчера кога народот излезе во одбрана на претседателот. Дури и добар дел од војската и повисоките чиновници, не биле дел од побуната.
– Овој обид за воен удар беше осуден на пропаст уште пред да започне, изјавил Фади Хакур, политички аналитичар за една турска телевизија, додавајќи дека операцијата била аматерска затоа што немала ниту јавна, ниту политичка поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


