Премиерот Никола Груевски со своето семејство го дочека Велигден заедно со Кичевчани во православниот храм Свети Апостоли Петар и Павле во Кичево, јавува „Нетпрес“.

Денеска премиерот со семејството ќе престојува во Охрид на утринската литургија во црквата „Св. Богородица” Каменско, а потоа во Струга ќе ја посети црквата „Св. Ѓорѓија”.

Груевски завчера со ќеркичките и сопругата, по повод одбележувањето на православниот празник Распетие Христово Велики Петок, запали свеќа во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


