| четврток, 6 декември 2018 |

Турците објавија: Пилотот кој го собори рускиот авион учествувал во државниот удар

avion

Еден од учесниците во неуспешниот државен удар во Турција е пилотот кој  го собори рускиот авион СУ – 24, изјавил градоначалникот на Анкара, Мелих Гокчек.

Според него, пилотот бил е на организацијата на свештеникот Фетула Гилен. Активностите на оваа организација официјална Анкара ги нарекува “паралелна држава”. Претходно, претседателот Ердоган ги обвини поддржувачите на Гилен за организирање на бунтот. Самата организација има свое седиште во САД, но ги отфрли сите обвинувања дека го организирале државниот удар, а Гилен лично го осуди.

– Токму “паралелната држава” ги расипа нашите односи со Русија. Тоа беше инцидент (соборувањето на авионот) во кој директно учестувуваше еден од пилотите, член на таа организација. Тој бил еден од улчесцниците во вчерашниот државен удар. Јас лично, Мелих Гокчек, кажувам дека нашиоте односи со Русија ги расипаа токму овие злобници, изјавил градоначалникот за CNN Турк.

Тој дадал дека “паралелната држава” има намера да ја изолира Турција на меѓународната сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top