
Откако синоќешниот воен удар во Турција пропадна, турските власти започнаа со одмазда кон сите кои на било каков начин биле вмешани во настаните. Прво се започна со смена на 2745 судии.Таа информација ја објави турската телевиизја НТВ, повикувајќи се на соопштение на Високиот совет на судии и обвинители.
Сменети се и пет членови на тој совет, највисоко судско тело во Турција
Турскиот премиер Бинал Јилдирим објави дека ситуацијата во земјата сега е целосно под контрола на државните власти.
Во обраќање пред медиумите во Анкара, премиерот рече дека се повредени 1440 лица и дека се фатени 2839 војници, поради сомнеж дека учествувале во обидот за пуч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


