| четврток, 6 декември 2018 |

Најмладиот повреден во Ница има само 6 месеци

ница2

Портпаролката на Фондацијата Ленвал од детската болница во Ница,  Стефани Симпсон изјави дека најмладиот од повредените примени во детската болница има само шест месеци. Повеќето од триесетте хоспитализирани деца се лекуваат од повреди на главата и скршеници, јави дописникот на МИА од Париз

– Ние сме навикнати да примаме многу деца, но овој пат беше тешко да се раководи со ситуацијата, посебно поради психолошкиот аспект, изјави Симпсон.

Таа додаде дека е формирано психолошка одделение со четири психолози, во кое се примени 50 семејства по ноќта на убиствата во четвртокот.

Симпсон исто така наведе дека пет деца се уште се во критична состојба.

– Од 84 загинати при нападот, шеснаесет тела се уште не се идентификувани по нападот на Ница, истакна Симпсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top