Најмалку 194 лица загинале, а повеќе од стотина се ранети во синоќешните судири во Анкара и Истанбул. Турската војска се обиде да ја превземе власта во земјата и да го симне од власт Ердоган. На улиците се водеше вистинска војна помеѓу војската од една и полицијата од друга страна. Владата соопшти дека пучистите се поразени.Еве што се случуваше после 12 часот денеска
12.00 Турските војници побегнаа по неуспешниот напад на хотел во Мармарис
Турските војници кои учествуваа во државниот удар се обидоа да го нападнат хотелот во Мармарис кој Ердоган неколку часа претходно го напушти, пренесува државната агенција Анадолија.
12.08 Грузија ја затвори границата со Турција
Премиерот на Грузија изјави дека ги затвориле границите со Турција, од страв бранот немири да не ја зафати Грузија
12.11 Осум војници побегнале и побарале политички азил во Грција
Грчката полиција уапси осум турски војници кои со воен хеликоптер слетеле во Александропулос. Тие побарале политички азил. Грчката државна телевизија соопштила дека тие се можеби вмешани во пучот во Турција
12.38 Власта најде списоци:Лов на членовите на Гиленовото движење
Турските власти испратиле известување до граничните премини да ги фатат припадниците на движењето на исламскиот свешетеник Фетулах Гилен, кои би се обиделе да ја напушатат земјата.
12.41 Антивладини сили превзедоа контрола над фрегатата и за заложник го земаа командантот на флотата
12.49 Босфор е затворен за танкери
12.57 Ердоган им прати СМС на сите Турци
Ердоган ги повика Турците да останат на улиицте за да го спречаат евентуалниот нов обид за државен удар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.