Црвеното јајце е симбол на Велигден, поради новиот живот, плодноста, компарацијата со Христовото воскреснување. Традиционалното вапсањето јајца во повеќе бои е старо верување, кое во секој дом носи радост. Некои сметаат дека црвената е вистинската Велигденска боја,но се смета дека не случајно јајцата за Велигден се подготвуваат во повеќе бои. Освен што се вистински подарок за очи, секоја боја поединечно, е извор на среќа. Така, жолтата боја значи светлина, радост; портокаловата – трпение, моќ; зелена – храброст, големина; виолетова – надеж, спокојство, а сина – здравје и ведрина.
Се претпоставува дека и симболите кои се појавуваат при вапсањето јајца имаат значење. Кога ќе здогледате круг, направен од малку потемна нијанса од бојата со која сте го фарбале јајцето, тоа означува огромна среќа оваа година.
Имајте среќни Велигденски празници. Ви посакуваме секоја боја на Велигденските јајца да влијае соодветно на полето чие значење го има… Бидете со Вашите најблиски, верувајте во големината на Бог…
Нека овој Велигден биде најубавиот украс на Вашиот дом. Амајлија на Вашето семејство…
Причина повеќе да се уверите дека нема ништо повистинско и поголемо од хармонијата на едно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


