| четврток, 6 декември 2018 |

МНР ја следи состојбата во Турција, нашите туристи да останат во хотелите

мнр

Во врска со состојбата во Турција се огласи и македонското МНР.

Во известувањето од претпладнево се вели дека Министерството за надворешни работи континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со македонската амбасада во Анкара и конзулатот во Истанбул. Сите македонски граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Турција треба да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, препорачува Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top