Презентерката на државната телевизија TRT, Тиен Караш изјавила дека под притисок и закана со огнено оружје ја прочитала веста која и ја дале припадниците на војската кои упаднале во редакцијата. Тие синоќа кратко ја предоа зградата на турската државна телевизија, а вработените кои ги затекнале таму, ги заробиле како заложници.
– Тука преживеавме вистински кошмар. Го прочитав најтешкиот прилог во мојот живот. Во студиото имаше наоружани луѓе, не задржаа нас во редакцијата како заложници неколку часа. Ни ги врзаа рацете зад грб. Ни се закануваа и го пратеа секое наше движење. Го прочитав нивното соопштение под закана на вооружено лице. Цело време додека читав ме држеше на нишан. Фала богу, па се заврши, изјавила презентерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.