
Околу 700 војници и офицери го положиле оружјето и излегле од седиштето на Генералштабот на турските вооружени сили во Анкара и се предале на полициските сили. Сите воени лица кои и се предале на полицијата биле лишени од слобода, а ќе бидат изведени пред суд заради синоќешниот обид за државен преврат.
Граѓаните кои во огромен број се собрале за да протестираат против нелегалните акции им ветиле на војниците од Генерелштабот дека ако излезат со бело знаме, нема да ги повредат.
Офицерите кои разговарале го граѓаните тврделе дека нивните надредени ги повикале во Генералштабот и им рекле дека во тек е воена вежба, а дека за никаков воен удар не слушнале. Во објектот на турската војска во Анкара сеуште има околу 150 наоружани војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


