| четврток, 6 декември 2018 |

Дундар: Заврши поглавјето со воени удари во Турција

dundarВршителот на должност началник на Генералштабот на турската војска Умит Дундар за медиумите изјави дека се убиени 104 лица кои се обидувале да извршат воен удар, додавајќи дека се убиени уште 90 други лица од кои 47 цивили.

Војниот удар, посочи, се обидувале да го изведат паралелни структури во турската војска, но биле спречени благодарение на соработката на војската и народот.

Турските оружени сили се одлучни да ги тргнат членовите на паралелните структури од своите редови, рече Дундар за новинарите во Анкара.

-Ова беше историски чин на соработка на државата и нејзиниот народ. Турцвија беше изложена на лудило на група на луѓе кои пукаа и бомбардираа по сопствениот Парламент и народ. Ова никогаш нема да се заборави. Благодарни сме на секој граѓанин кој застана во одбрана на демократијата. Турција еднаш за секогаш го затвори периодот  на војните удари- порача Дундар.

„Паралелните структури“ е име кое се однесува за следбениците на Фетула Гулен со кое често се користат Ердоган и членовите на владата.

Дундар додава дека лоицата кои се обидоа да спроведат воен удар завеле во непознат правец голем број на команданти кои делувале во Генералштабот и на други позиции.

-Како што знаете, началникот на Генералштабот се врати на должност, а за другите команданти не можам да ви дадам информации- нагласува вршителот на должност началник на Генералштабот на турската војска, Дундар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top