Северноатлантската алијанса и Европската унија, утрово цврсто застанаа зад демократски избраната власт во Турција, по синоќешниот обид за воен удар во оваа држава.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и водечката тројка на Унијата: Жан-Клод Јункер (Европска комисија), Доналд Туск (Европски совет) и Федерика Могерини (Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ), излегоа со изјави во кои го осудија обидот за насилно преземање на власта во Турската Република, против волјата на мнозинството на граѓаните на Турција.
– Само што разговарав со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и ги следам настаните во Турција со голема внимателност и со загриженост. Повикувам на смиреност и воздржаност, како и на целосно почитување на демократските институции во Турција и нејзиниот Устав. Турција е ценет НАТО-сојузник – истакна Столтенберг.
Од друга страна, Јункер, Туск и Могерини беа подиректни во нивната порака за обидот за воен удар во Турција, земја-кандидат за членство во Европската унија.
– Турција е клучен партнер за Европската унија. ЕУ целосно ја поддржува демократски избраната Влада, институциите на државата и владеењето на правото. Апелираме за брзо враќање на уставниот поредок на Турција. Продолжуваме внимателно да го следиме развојот на настаните и да се координираме со 28. земји-членки на ЕУ – порачаа Јункер, Туск и Могерини, челната тројка на Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа