Од рано утрово трае предавањето на војниците кои учестуваа во неуспешниот државен удар во Турција. Тие ѝ се предаваат на полицијата во присуство на многу народ, кој беше спречен физички да ги нападне на истанбулскиот Мост на Босфорот, каде што синоќа имаше жесток судир на војската со граѓаните кои излегоа во одбрна на земјата по повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ѝ се обрати на нацијата преку интернет, преку апликацијата фејстајм во програма која се емитуваше во живо на Си-ен-ен Турк.
Во меѓувреме се предадоа и војници од Генералштабот, околу 700, кои изјавуваат дека не знаеле дека има воен преварат, туку мислеле дека се работи за воена вежба.
Војниците на овие фотографии ѝ припаѓаат на организацијата Фетулахи – Паралелна државна структура (FETO/PDY)
Војниците се предаваат со соблекување на униформата.
Beştepe Jandarma Genel Komutanlığı’ndaki FETÖ’cü darbeci askerler üniformalarını çıkararak teslim oldu pic.twitter.com/bHUBMrg3Rg
— TRT HABER (@trthaber) July 16, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Експлозија на гасовод во Истанбул