Бројот на притворени припадници на војската на Турција, после неуспешниот обид за пуч, порасна на 1.563, изјавил неименуван извор за Ројтерс.
Како што навел АП, се работи главно за пониско рангирани војници и се додава дека околу 200 војници се предале во седиштето на турската војска.
Најмалку 60 лица загинаа, рекло неименувано лице од Канцеларијата на турскиот претседател, по што е соопштено дека има 90 мртви, а преку 1.000 лица се повредени.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган порача дека неговата влада ја држи власта после обидот за пуч, меѓутоа борбите, како што јавува АП, продолжувават и утринава, а силни експолизии се слушаат во Анкара и Истанбул , а една бомба ја погодила и зградата на парламентот.
Владини лица велат дека обидот за удар изгледа пропаднал, откако граѓаните синоќа излегоа на улиците и се спортивставија на војниците, кои се обидоа да ја преземат власта
Министерот за правда Бекир Боздаг рекол дека безбеднсосните сили ги поразиле заверениците на пучот на неколку места, меѓу кои и зградата на полицијата и владата.
-Не постои место каде имаат контрола. Ако даде Бог, тие ќе бидат поразени и во преостанатите места, додека оние кои се во воздух ќе бидат срушени- рекол Боздаг.
АП наведува дека не е познато кој ја има конторлата во војното седиште, како и дека Ердоган не го напуштил аеродромот откако се раздени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.