| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Ердоган пристигна во Истанбул, бомбардиран плоштадот Таксим

vojska-istanbul-drzavni-udar-taksim-foto-reuters-1468622587-951033

Авионот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган слета утрово на аеродром во Истанбул, додека премиерот Бинали Јилдирим порача дека ситуацијата во Турција главно е под контрола, но медиумите јавија дека воен авион извршил напад врз истанбулскиот плоштад Таксим каде загинале најмалку две лица.

За време на обидот за воен удар синоќа, претседателот Ердоган бил на безбедно, во медитеранското одморалиште Мармарис.

Ердоган пристигнувајќи во раните утрински часови во Истанбул е пречекан од многубројните негови поддржувачи на меѓународниот аеродром „Ататурк“ ,пренесува телевизијата NTV.

Претседателот Ердоган во првите изјави пред своите следбеници рекол дека бил направен обид за бунт „против единството и сплотеноста на Турција“. Истакнал дека сите учесници во обидот за преврат ќе бидат казнети без разлика на тоа каква позицијата заземаат и институција претставуваат, нарекувајќи ги организаторите предавници, пренесува Ројтерс.

Воен авион нанел неколку воздушни удари на централниот истанбулски плоштад Таксим кој е контролиран од воената фракција која се обидеда изврши воен удар во Турција.

-Цела ноќ над плоштадот Таксим, каде што се собираа војници, кружеа авиони, само што фрлија три или четири бомби. Одекнаа силни експлозии- рекол очевидец за агенцијата РИА.

Потоа авионот направил уште еден круг и фрлил уште три бомби. -Вкупно слушнав шест експлозии. Беше страшно, ударниот бран туркаше од нозе, зградите се тресеа- рекол локален жител. Тој не можел да каже дали има загинати. -На плоштадот имаше многу војници, колку од нив настрадаа, не знам – додал тој.

Претходно беше објавено дека војниците пукале врз демонстрантите кои излегоа на улиците на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и протестираа против превратот. Откако демонстрантите се разбегаа, на плоштадот Таксим кој е симбол на Истанбул, останале само војниците од фракцијата која го изведуваше обидот за удар.

Турските медиуми објавуваат различни информации во врска со жртвите во Истанбул,додека во градските болници се примени 150 повредени.

Се јавува за нова серија експлозии и престрелки во областа на турскиот парламент во Анкара, каде што претходно во експлозија на бомба беа ранети 15 лица.

Зградата на парламентот во Анкара рано утрото по локално време беше погодена од уште две експлозии, по едната од претходно., а парламентот беше опколен од тенковите на пучистите.

Еден парламентарен пратеник телефонски јавил во Ројтерс дека пратениците се кријат во засолништето на парламентот.

Утрото борбен авион „ F-16“ урна над Анкара хеликоптер на заговорниците, а во судирите во седиштето на специјалната полиција беа убиени 17 полицајци.

Во меѓувреме на плоштадот Таксим триесетина војници кои учествувале во обидот за преврат ѝ го предале оружјето на полицијата, јави агенцијата Ројтерс повикувајќи се на очевидци.

Експлозии и истрели ги потресуваа двата најголеми турски града во хаотичната ноќ. Но во раните саботни утрински часови има многу знаци дека ситуацијата се смирува.

-Ситуацијата во Турција главно е под контрола- изјави премиерот Бинали Јилдирим утринава, додавајќи дека обидот за пуч против владата е бунтовнички акт на следбениците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.

-Владата избрана од народот останува на власт. Оваа влада ќе замине само доколку тоа народот го каже- рече Јилдрим за NTV додавајќи дека над Анкара е воспоставена зона за забрана на летови на авиони. Претходно рече дека сите авиони кои ги контролираат пучистите ќе бидат соборени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top