Од завршување на периодот на владеењето на Републиканската народна партија на Мустафа Кемал Ататурк, до сега неколку пати војската интервенирала во политиката.
Во 1960 со војниот удар на генералот Џемал Ѓурсел, кој со воен удар ја сруши владата на демократски избраниот Аднан Мендерес. Неговата партија во 1950 година успеа да ја надгласа партијата на Ататурк. По воениот удар, Мендерес е осуден на смрт со бесење.
Под притисок на војската во 1961 е донесен нов Устав, со што се втемелува Втората република врз традицијата на кемализмот.
Војската се замешува во турската политика во 1971 година. Заради внатрешните потреси, владата на Сулејман Демирел беше присилена да поднесе оставка, по што војската под наредба на генералот Мемдух Тагмач, упати ултиматум до претседателот Џевдет Сунај за негова смена.
Во втората половина на седумдесетите години од минатиот век, зајакна верскиот фанатизам во Турција. Појавата на организации како Сиви волци, воено крило на ултранационалистичката Партија на национално движење, учествуваа во нападите на левицата, кои возвраќаа со политички атентати. неофицијално таа деценија убиени се над 5.000 лица.
На чело на земјата се сменија неколку влади кои не ја смирија состојбата, особено заради изборниот систем кој отежнуваше создавање стабилно мнозинство на било која партија.
Во 1979 повторно е избран Демирел за премиер од конзервативната Партија на правдата, кој го замени Булент Еџевит од Републиканската партија.
Воениот врв уште од средината на деценијата не веруваше во одржливост на политичкиот систем, па кон крајот на декадата започнаа консултации на највисоките воени офицери за преземање на мерки.
Во септември 1979 година началникот на главниот штаб Кенан Еврен побарал од генералот Салтик извештај за состојбата во земјата, во кое се препорачува рушење на владата.
Еврен на 1 јануари 1980 година се обрати на јавноста барајќи коалициска влада и носење на пакет од противтерористички закони од парламентот. Тие требало да дадат одврзани раце на безбедносните сили и да придонесе за стабилизација на земјата. Еврен објави листа од 60 барања, кои Демирел ги прифати. Но заради различните релации во Парламентот, законите не беа донесени.
Во вториот воен извештај во Еврен, летото 1980 година се препорачува воен удар без одлагање. По мали корекции, планот за туркање на владата на Демирел бил наречен „Операција Знаме“.
Воениот удар започнува на 12 септември 1980, кога војската го зазема сите важни институции. Во краток период приведени се околу половина милион луѓе, а осудени се 230.000. 50 од нив на смртна казна. Голем дел се подложени на тортура, а одреден број се уште се сметаат за исчезнати.
Меѓу уапсените биле и поголемниот дел турски политичари, како Демирел, Булент Еџевит, Неџмедин Ербакан. Со воен декрет на Демирел и Еџевит им се забранува политичка активност, но тие кон крајот на осумдесетите години повторно се активираат.
По новиот устав од 1982 година, воениот режим распиша и парламентарни избори за 1983 година, по што е обновена демократијата. Владата ја формира Тургут Озил од Татковинската партија.
Но, во 1996 година секуларната Турција го имаше првиот исламистички премиер Неџметин Ербакан , а 30 поголеми градови избра исламистички градоначалници. Партијата Рефах освои 21 процент од гласовите.
Во 1997 година повторно интервенира војската во политиката, кога воениот врв го присилува Ербакан да ја напушти функцијата. Причината е во тоа што Ербакан тврдел дека вистинскиот секуларизам не смее да значи замо за државна туку и за верска автономија. Се залагал и за тоа дека државата не би требало да се замешува во верската сфера, настојувајќи да го регулира облекувањето ( правото на жените да носат марами или мажите да имаат бради) или верска пракса.
Една од спецификите на Турција е улогата на нејзината војска во политичкиот живот, што е регулилрано согласно Уставот од 1982 година и законот за служба во оружените сили од 1961 година.
Волјата на оружените сили е претставена преку Советот на национална безбедност, врховно војно-цивилно тело чија што задача била зачувување на државата и каде најмалку половина членови мора да бидат од армијата. Практично, таа уставна одредба им давала на членовите на главниот штаб на турската армија поголеми овластувања отколку на турските политичари.
Советот за национална безбедност секои неколку години носеше доктрини за политиката на националната безбедност, во која се набројувале најголемите закани за турската безбедност, внимавајќи пред се исламистичките партии да не ја променат секуларната насока на Турција која ја зацрта Ататурк.
Но, согласно критериумите на ЕУ како и согласно Копенхашките критериуми, Турција мина низ реформи за да би воспоставила превласт на цивилната контрола врз војската. Овие реформи во 2003 година воглавно се базираа на Советот за национална сигурност, со цел во тоа тело да се обезбди цивилно мнозинство. Притоа Советот веќе нема неограничен пристап до цивилните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.