| четврток, 6 декември 2018 |

Меси и Иниеста го избегнале воениот удар во Турција, Деко, Пујол, Арда „заглавени“ на аеродром!

samuel-etoo_2787124b

Легендарниот фудбалски ас Самуел Ето утре во Истанбул требаше да организира ревијален натпревар и за таа цел ги повика скор сите големи ѕвезди со кои играше низ кариерата. Во Турција веќе пристигнаа Деко, Пујол, Арда Туран, Абидал, Лорен. Заради лошото време Меси и Иниеста го одложија доаѓањето за в сабота, а Нејмар претходно најавил дека нема да настапи.

lionel-messi-andres-iniesta-barcelona-athletic-copa-del-rey-30052015_5s9wz47vtygg1kip08fzq06vr

Вечерва во Турција изби државен удар и скоро сигурно натпреварот нема да се одржи, но сега и аеродромот „Кемал Ататурк“ е затворен и фудбалерите кои се присутни во Истанбул не можат да се вратат дома.

Турската војската вечерва изврши државен удар, а покрај во Истанбул, во главниот град на Турција, Анкара, ситуацијата е хаотична.

Меси остана во Ибица и планираше да патува за Истанбул, па за Анталија во сабота, но со оглед на ситуацијата во Турција, мечот е во втор план. Барселона се огласи и потврди дека најбрзо што може ќе се обиде да ги извлече фудбалерите од Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top