Вечерва мислам дека никој нема да спие – вели сведок на настаните во Турција за хрватските медиуми.
Изворот објаснува како војската насилно влегла во државата телевизија ТРТ, го натерала водителот да ја прочита изјавата во која се наведува дека војската ја презела контролата над државата поради авторитативниот начин на владеење и големите закани од тероризам.
– Го исклучија емитувањето на програмата, а потоа ги запленија сите уреди на вработените и ги испратија дома. Истото се случило и со државниот канал ТРТ1.
Ваквото сценарио се подготувало се денови, бидејќи, како што наведува изборот, никој ништо не смеел да знае.
Веќе неколку дена на улиците имало забележително присуство на војска. Сега движењето е забрането. Затворени се мостовите кои ги спојуваат европскиот со азискио дел на Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


