Турската армија соопшти вечерва дека ја превзеде власта во државата за да ги заштити демократскиот поредок и човековите права во Турција. Според првичните информации, војската има заробено неколкумина владини
претставници. Според медиумите, заробените функционери се наоѓаат во военото седиште во Анкара, а агенцијата Анадолија потврди дека помеѓу заробените е и началникот на турската армија. Војската ја зазеде и зградата на турската државна телевизија ТРТ во Анкара.
-Турската војска ја презеде комплетната онтла над државната адмнистрација за да го врати уставниот поредок, човековите права и слободи, владеењето на правото и безбедноста која е нарушена. Сите меѓународни договори
остануваат на сила. Се надеваме дека сите пријателски односи ќе бидат продолжени, соопштија претставниците на војската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.