Оружените сили на Турција сооштија вечерва дека ја презеле власта за да ја заштитат демократијата и да ги зачуват човековите права во земјата. Според првичните информации војската заробила државни функионери, но претседателот Ердоган е на сигурно, пренесува Си-ен-ен.
Заложниците се наоѓаат во воено седиште во Анкара, а Анадолија јавува дека меѓу заробените е и началникот на војската. Војниците ја презеле и зградата на државната телевизија ТРТ во Анкара, пренесува Ројтерс.
BREAKING Coup leaders claim that they take over the govt, air the statement on state TV. pic.twitter.com/tpK1UJwRXX
— CNN Türk ENG (@CNNTURK_ENG) July 15, 2016
-Војската ја презеде комплетната контрола над државната админстрација за да го врати уставниот ред, човековите права и слободи, владеењето на правото и општата безбедност која е нарушена. Сире меѓународни договори остануваат на сила. Се надеваме дека сите пријателски врски ќе бидат продолжени, соопштуваат претставници на војската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.