Силно невреме кое го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, ветар и грмежи, се смири. Полавените површини од градскиот плоштад и улиците веќе се санирани. Екипите на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ вредно работат на отстранување на водата и чистење на теренот.
Фестивалот на пивото и скарата ќе продолжи со истиот континуитет. Вечерва на жешката сцена ќе настапат: Самостојни Референти, Kаролина Гочева, Xари Mата Хари и Bang La Decks.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.