Едно училиште во САД прогласило неработен ден бидејќи времето било многу убаво. Управата на училиштето, не сакајќи да им скрати на учениците да уживаат во убавото време, решило да ја прекине наставата.

Христијанското училиште во местото Белингам во државата Вашингтон испратиле писмо до родителите во кое ги известуваат дека наставата е откажана за да може учениците да уживаат во сончевиот ден.
Директорот на училиштето изјави дека наставата е откажана заради убавото време во рамки на напорите за „унапредување на позитивната училишна култура“.
Метеоролозите во следните денови предвидуваат температури до 23 степени за Белингам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


