Согласно официјалните резултати од надлежните институции од утре учениците во основното училише 11 Октомври во Центар продолжуваат со редовна настава. Одлуката е донесена по заедничката средба со заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски информираа преку соопштение доцна вечерва од ООУ “11 Октомври”.
– Според анализите од Центарот за јавно здравје, водата за пиење во ООУ „11 Октомври“ е хемиски и бактериолошки исправна. Примероците воздух земени од училниците се исправни и не се најдени концентрации поголеми од дозволените на поедини параметри. Деновиве училиштето е целосно дезинфицирано, причина за остуствата на учениците се високите температури и вирозните заболувања, стои во соопштението од ООУ „11 Октомври“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.