| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија доби пристап до 25 милиони евра од Светска банка

­

sb

Министерството за финансии денеска информира дека Светска банка на Македонија и ги стави на располагање средствата од Проектот за подобрување на општински услуги 2. ­

-Ова значи дека Македонија од денеска има пристап до овие средства од Светска банка во висина од 25 милиони евра, кои се наменети за поддршка на капитални проекти во општините во државата- се вели во соопштението од Министерство за финансии.

Бордот на Светска банка користењето на овие средства, како што се наведува, првично ги услови со одржување на парламентарните избори, односно да ги стават на користење по завршување на изборите, сега ја сменија одлуката и средствата стануваат ефективни од денеска.

Министерството за финансии наведува дека во најбрзо можно време ќе објави јавен повик до општините за аплицирање за овие средства. ­ Преку првиот Проект за подобрување на општински услуги МСИП 1 успешно се финансирани 70 проекти во 54 општини, во рамки на кои беа изградени училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини, информираат од Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top