| четврток, 6 декември 2018 |

Со метла собирале милион евра кои летале на сите страни и бегале од полицијата

Како сцена од филм, ама се случувало во живо.Во малиот белгиски град Зеделгем кој се наоѓа на Запад на белгиската провинција Фландрија почнеле да паѓаат пари од небо. Експлодирал сеф во кој имало милион евра, а кој го исфрлиле крадците од автомобилот додека бегале од полицијата. Според локалните медиуми, на улицата во моментот кога летале еврата, излегле и стари и млади.

Една жителка на градот со метла се трудела да внесе повеќе пари во својата куќа.

Инаку, сефот од кој испаднале еврата бил украден пред две недели во соседниот град.

белгија

-Крадците го исфрлиле сефот обидувајќи се да избегаат од полицијата. Сефот се отвори и поголемиот дел од парите се разлетаа- рече Патрик Арноу, градоначалник на Зеделгем.

Планот на крадците успеал. Тие побегнале а полицијата останала да ги собира разлетаните пари, дури и на некои граѓани од раце им ги ваделе парите.

Полицијата собрала  половина од украдениот износ. Остатокот од парите го бараат веќе две недели претресувајќи ја секоја куќа посебно.

-Некои велат дека парите треба да се вратат, но има и такви кои парите би ги задржале. Кога на тој начин ќе дојдете до пари, знаете дека тоа баш и не е нормално- смета Хектор Кларис, жител на Зеделгем.

Полицијата на сите граѓани им испрати писмо во кое ги моли да ги вратат парите кои не им припаѓаат. Доколку доброволно не го направат тоа, им се закануваат две години затворска казна

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top