Фудбалерите на Барселона ќе ја отпочнат одбраната на 24. титула на 20. август отворајќи го првото коло од шпанското првенство против Бетис. Навивачите на каталонскиот гигант и нивниот најголем ривал, Реал Мадрид за големото „Ел Класико“ ќе мора да почекаат до 14. коло кое ќе се одигра на 3. односно 4. декември.
Кралскиот клуб пак, во рамки на првото коло ќе му гостува на Реал Сосиедад додека Атлетико Мадрид ќе го нагости Алавеш.
„Лилјаците“ од Месталја ќе бидат домаќини на Лас Палмас, Севилја ќе го пречека Еспањол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.