Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод синоќешните напади во Ница упати телеграма со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс.
„Целокупната македонска јавност во шок, со згрозеност и со огромна тага ја прими веста за терористичкиот акт кој доцна синоќа се случи во градот Ница. Дозволете ми да го изразам моето најдлабоко сочуство до Вас, до семејствата на настраданите и до целиот француски народ.
Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик пред кој сите сме исправени и пред кој мораме заеднички да застанеме. Злото против кое сме сите заедно соочени бара да дејствуваме силно, одлучно и истрајно.
Темелите на кои се базира нашата цивилизација не смеат да бидат разнишани од вакви варварски чинови на кои им пречат вредностите на толеранција, слобода, мир и благосостојба на граѓанинот, кои со години наназад се градени.
Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, но и со цела Франција“ се вели во телеграмата која Груевски ја испрати до Оланд и до Валс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Саем за студии во Франција