Исламската држава го прославува терористичкиот напад во Ница како одмазда за смртта на Абу Омар ал Шишани, т.н. министер на војната. Поддржувачите на Исламската држава креираа хаштаг #the attack on the name of Omar Shishani (напад во име на Омар Шишани).
„Франција и Европа никогаш нема да бидат сигурни, сè додека ние не живееме во сигурност на секоја педа земја на Калифатот“, напиша еден поддржувач на ИД на Твитер, чијшто профил во меѓувреме беше избришан.
„Овој напад е почеток на одмаздничката војна за убиството на Абу Омар Шишани, нека ги прими Алах“, напишал џихадист на форумот Ал-Минбар на ИД набрзо по нападот.
Абу Омар ал-Шишани, кого Пентагон го смета за „министер за војна“ на Исламската држава, загина во борбите во ирачкиот град Ширкат, јужно од Мосул, објави во средата агенција која ги поддржува милитантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.