| четврток, 6 декември 2018 |

Лице в лице со терористот: Застани, има девојче под камионот, а тој излезе и извади пиштол

nica napad

Се шетавме на променадата и одеднаш луѓето почнаа да трчаат, раскажуваат сведоци за трегедијата во Ница, во која живото го загубија повеќе од 80 лица.

Доминик Молина и нејзиниот сопруг го гледале нападот од тераса на хотел. Таа раскажува за „Си-Ен-Ен“ дека се слушнала бучава и удари на камионот што поминувал низ луѓето. Се слушлане истрели, а потоа завладеала тишина.

-Потоа одекна плач, вресоци, ужас – вели таа.

Кевин Харис, исто така, бил сведок на нападот, го гледал од балконот на хотелот.

-Никој не се помрдна додека не дојде првиот болничар.

Египќанец, кој е на одмор во Ница, се нашол лице в лице со убиецот:

– Почнав да викам застани, под камионот има девојче. Ми се причини дека се фаќа за телефон, дека ова е само несреќен случај, кога тој извади пиштол. Сфатив дека нешто не е во ред. Тогаш стигна полицијата, почнаа да пукаат во него – вели Надер ел Шафи, поранешен банкар од Каиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top