Кутрите мали платеничиња, колку што се послаби и поневидливи, толку стануваат попроѕирни и поагресивни. Колку што им е поголем очајот од неуспехот на таканаречената револуција, толку им е посилен говорот на омраза кон неистомислениците и се сѐ понасилни. Соочени со сопствената немоќ да ги оправдаат парите на спонзорите и да се наметнат како некаков битен политички фактор во решавањето на кризата, платениците сѐ подрско го исфрлаат гневот кон народот преку највулгарни закани и повици на насилство… Таканаречената „револуција“ што ја користат исклучително како механизам за испорака на политичките уцени на СДСМ, се сведе на група платеници, хулигани и партиски војници. Мирниот отпор на граѓаните кон нивните провокации целосно им го изобличи сценариото, па сега мака мачат повторно да го оживеат со провоцирање и со предизвикување инциденти.
По којзнае кој пат, повторно цел на хулиганите се полицајците, а овој пат целта е да се обезбеди колку што е можно поголема поддршка за најновите во листата идиотски барања на Зоран Заев и на Катица Јанева – специјално полициско одделение и специјален судски оддел. Хистеријата на платените револуционери кулминираше токму за време на посетата на заменикот државен секретар на САД Викторија Нуланд, која ја сметаа за златна рипка што ќе им ги исполни желбите. Така, од една страна Катица сака да си обезбеди простор за дејствување за, конечно, да ја почне инквизицијата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а од другата страна Заев ќе може да здивне пред претстојните избори. Впрочем, сите анкети и анализи покажуваат дека СДСМ може да победи само под услов да нема противник на изборите.
Замислата за синхронизиран настап со кој „револуционерите“ требаше да испорачаат нови барања пред посетата на Нуланд, сепак, не се реализираше целосно според желбите и замислите на опозицијата. Нуланд место цврсто да ги прифати барањата на Заев, на Катица и на платениците, побара само брз договор со кој ќе се обезбедат услови за избори во ноември на кои ќе се појави и опозицијата. Со тоа, буквално, се стави црта на списокот на желби на Заев со чијашто помош досега двапати успеа да избега од соочување со народот.
Дали оптимизмот на Нуланд за избори наесен е реален ќе видиме наскоро, но сосема е јасно дека појавувањето на Заев пред народот и во ноември и во март в година ќе биде вистинска катастрофа за опозицијата. Тоа го покажуваат сите мерења на јавно мислење, а со тоа се запознати и партиите и меѓународниот фактор. Оттаму се наметнуваат дилемите: Зошто Заев бара избори за кои е свесен дека ќе ги загуби кога и да се случат? Што е променето од пред еден месец, освен што не е дел од власта? Каде преку ноќ исчезнаа 500.000 фантомски гласачи и дали по новиот политички договор медиумите ќе бидат „ослободени од режимот“? По посетата на Нуланд стана јасно дека избори во ноември бара меѓународниот фактор, а не Заев. Токму затоа јавноста треба да има предвид дека дури и да се постигне некаков нов договор, судејќи според претходното искуство, Заев и СДСМ ќе направат сѐ за да спречат одржување фер и демократски избори и за тоа повторно ќе ја обвинат ВМРО-ДПМНЕ. За време на преговорите ќе направат, дури и ќе ветат сѐ, за повторно да влезат во некаков вид техничка влада, но прашање е на време кога повторно ќе се повлечат од договореното и ќе почнат да го оспоруваат одржувањето на изборите. Првата опција е тоа да го направат пред почетокот на изборната кампања, а втората е да решат да излезат на избори, но на денот на гласањето да предизвикаат инциденти со што би ги дискредитирале изборните резултати. И во двата случаја целта на опозицијата е да се продолжи векот на техничката влада по секоја цена, а со тоа и СДСМ на власт. Со тоа кризата ќе се одолжи до недоглед, а на Катица ќе ѝ се даде дополнително време за да ја спроведува инквизицијата. Платениците ќе можат да се надеваат на нови хонорари, а криминалците да уживаат во безвластието и во благодатите на „револуцијата“.
Оттука, може слободно да се заклучи дека третиот обид за предвремени избори пред почетокот на зимата може да успее само ако меѓународниот фактор е искрено заинтересиран да се стави крај на кризата и го убеди Заев дека нема друг избор, освен да се соочи со реалноста.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Помирување, со цел промена на името и Уставот на Република Македонија, не е прифатливо
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?