Власта и опозицијата ја договориле Комисијата за настаните од 24 декември, јавува телевизјата „Алфа“.
Според извори на телевизијата, врвен правник, чие име сѐ уште не се соопштува ќе раководи со телото што ќе треба да ја утврди одговорноста и причините за случувањата што ја предизвикаа неколку месечната политичка криза.

Тоа нема да бидат ниту универзитетскиот професор Арсен Јаневски, ниту судиката од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазарова-Трајковска, кои ја одбиле понудата, иако биле прифатливи за обете страни.
Опозицијата ќе ја претставуваат професорите на Правниот факултет, Рената Тренеска-Десковска и Љубомир Фрчкоски а власта, поранешната судика Благородна Дулиќ и пратеникот Илија Димовски.
Во работата на Комисијата ќе учествува и странски експерт, но, тој нема да има право на глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?
-
Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на АМС се оградува од содржината во збирката
-
Планинарската федерација формира комисија, ќе го испитува инцидентот во кој загинаа двајцата планинари
-
Алфа: Чепреганов, Ѓорѓиев, Тодоров, Стојанов – дел од бугарско-македонската комисија за чешлање на нашата историја


