| четврток, 6 декември 2018 |

Сарачини најави индустриска зона во Арачиново

Министерот за економија Ваљон Сарачини најави нова индустриска зона во Арачиново, по средбата со градоначалникот Брахим Ајвази.

сарачини доха

– Арачиново, има многу добри услови за развој на земјоделството. Се договоривме со градоначалникот наскоро да покренеме иницијатива за формирање на бизнис-центри во соработка со министерствата за економија, за транспорт и врски, за локална самоуправа и за земјоделство шумарство и водостопанство – изјави Сарачини.

Тој посочи дека тимови на министерствата ќе треба да ги идентификуваат проблемите со кои се соочува општината во својот економски развој и да понудат соодветни решенија согласно мерките кои ги спроведува Владата за поддршка на локалниот развој на општините и поддршка на бизнисот.
– На 15 мај ќе биде отворен првиот бизнис центар на кој ќе се разговара за проблемите на општината и за мерките кои ги нуди Владата за поддршка на бизнисот,  рече Сарачини.
Се очекува за една година да профункцинира новата индустриска зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top