| четврток, 6 декември 2018 |

Два километра возел во толпата и убивал – најмалку 80 мртви (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

 

Најмалку 80 лица загинаа, а повеќе од 150 се ранети во синоќешниот масакр во Ница кога камион се заби во толпа луѓе, кои на променадата во приморскиот град гледале огномет по повод прославата на националниот празник Ден на падот на Бастилја.

Возачот на камионот е убиен, а истрагата ја презедоа антитерористички единици.

nica napad

Според последните информации, во камионот биле пронајдени документи што му припаѓаат на 31-годишен Французин од Тунис, но идентитетот сè уште се утврдува. Камионот бил полн со оружје и со гранати, а, според изјави на сведоци и на полицијата, манијакот, кој цели два километра газел луѓе, на крајот излегол од камионот и полчнал да пука во толпата. Националните медиуми од Ница објавуваат фотографии и видеа од камионот, изрешетен од куршуми.

nica napad (4)

nica napad (3)

Францускиот претседател Франсоа Оланд во текот на ноќта изјави дека несомнено се работи за терористички напад, дека загинале повеќе од 77 луѓе, а повеќе од 100 се ранети, и дека вонредната состојба во Франција ќе продолжи уште три месеци, место да биде укината на 26 овој месец, како што најави неодамна.

nica napad (2)

-Во името на целата нација изразувам сочувство со семејствата на жртвите. Франција е погодена и вџашена од оваа трагедија, со овој монструозен чин, но Франција е посилна од фанатиците што сакаат да напаѓаат – порача францускиот претседател.

nica napad (1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top