| четврток, 6 декември 2018 |

Возило излетало од мост, за среќа нема жртви

Тројца патници на возилото „Циторен“ со велешки регистрации имале голема среќа и останале живи, откако автомобилот излетал од мост и паднал во дворот на управната зграда на Македонски железници, јави поратлот „Дума“.

soobrakajka

Тројцата патници во возилото марка „Цитроен“ Ц3 се живи, двајца имаат само полесни телесни повреди, на автомобилот му е уништена предницата а откинато е парче од железната ограда на мостот. Несреќата се случила рано изутрина, во 3.30 часот, на излезот од Велес.

Полицијата направила увид од кои се очекува да ги открие причините за сообраќајката. Во неа без повреди поминал 23 годишниот возач Б.С (23), а полесно се повредени сопатничките  – 22- годишните Ј. Ј и И.С.
Првичните информации од полицијата се дека возилото излегло од задната страна на централниот градски парк, од кај управната зграда на јавното комунално претпријатие „Дервен“ и завртело во правец кон градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top