Не е теорија на завера! Европа предизвикува војна со Русија, а луѓе ќе гинат ако не се разбудиме!
Можеби единствениот глас на разумот и вистината во пресрет на НАТО самитот во Варшава беше германската пратеничка Сара Вагенкнехт која на НАТО „идиотите“ им ја кажа вистината в лице без ракавици. За својот говор доби огромен аплауз. Таа директно им се обрати на колегите, на Меркел и на претседателите велејќи дека политиката на НАТО не води напред, туку назад-води кон војна објаснувајќи дека тоа никому не му се допаѓа!
-Денеска симболично се навршуваат 75 години од војната на Германија и Советскиот сојуз, па страшно е пред руската граница повторно да се изведуваат воени вежби во кои учествува и Германија. Наводно американски нуклеарни оружја се поставуваат во Германија за да се спречи нападот на Путин на Балтикот, но зарем навистина мислите дека може да поверуваме во тоа?, рече германската пратеничка.
Откако беше запрашана зошѓто Русија изведува воени маневри и зошто ги поместува границите во последните две десетлетија, таа извика: ‘Зарем тоа не е токму она што НАТО го прави? Додаде дека НАТО на светот му пласира лаги и пропаганда во која не можеме да веруваме. ‘Наводно новото наоружување на НАТО се поставува за да се сузбие Русија. Зарем не можеа да смислат подобра причина. Па трошоците на НАТО- а поголеми се за 13 пати од рускиот трошок, а сега НАТО дополнително се наоружува за безбедноста на Европа, какви се тие глупости’, праша.
Со молчење се борите против кризата, додаде пратеничката која на Меркел јаво и порача: ‘Вашата политика не враќа назад, кон војна’.
-‘Срамно е чувството што на цела Европа и ја наметнавте германската економска политика, ве молам со тоа да престанете додека не е предоцна’. Германската пратеничка додаде уште една клучна работа, а тоа е фактот дека Европа воопшто не е демократска и како таква е осудена на пропаст.
-Ширум Европа јакне нееднаквоста. Меѓу бескрајното богатство и очајната сиромаштија се наоѓа исклучително малата средна класа која се чувствува запоставено. Се помал е ентузијазмот за ЕУ во која демократијата нема никакво значење. Најголемиот непријател на ЕУ седи во Брисел. Гласовите на Велика Британија воопшто не беа важни бидејќи Јункер повтори дека CETA и TTIP договорите треба да се одобрат независно од волјата на земјите членки. Дали вие ги сфакате размерите на тоа авторитарно владеење?’
И тоа не е се, додаде, само неколку дена по Брегзит, комисијата на ЕУ го одобри хербицидот Глифосад за цела Европа, мимо медиумите, иако тој е канцероген. Тоа треба да биде нашата надеж праша? Глифосад кој е насочен на нови генерации млади. Со други зборови, предупреди на геноцид и депопулација на европските народи, како за канцерогени нешта за кои се молчи, така и за војната во која НАТО мора да не вовлече, меѓу другото и за да го „намали“ бројот на жители на планетава! Можеби затоа нејзиниот говор беше проследен со аплауз, но не наиде на еднакво воодушевување кај медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток