Режисерот Ектор Бабенко, кој благодарејќи на филмот „Бакнежот на жената пајак“ од 1985 година стана првиот Латиноамериканец номиниран за Оскар, починал од срцев удар во средата доцна вечерта, објавија медиумите во четвртокот.
„Тагуваме поради смртта на извонредниот режисер“ објави преку Twitter привремениот бразилски престедател Мишел Темер, откако во четвртокот веста за смртта ја објави болницата во којашто Бабенко бил на лечење.
Уште по завршувањето на филмот кој го прослави кај режисерот беше дијагностициран рак на лимфниот систем. Во 1995 година над Бабенко беше извршена операција за пресадување коскена срж. Во периодот на петнаесет години негов онколог беше Драузио Варела, автор на книгата којашто подоцна ќе стане основа за сценариото за филмот „Карандиру“.
Режисер од аергентинско-бразилско потекло, Ектор Бабенко е роден на 7-ми февруари 1946 година во аргентинска Мар дел Плата, а за Оскар е номиниран четири децении подоцна, режираше многу филмови, од кои позабележителни се „Пишот“, законот на најслабиот“, во 1981 година номиниран за Златен глобус како најдобар странски филм, како и „Карандиру“ од 2003 година, екранизација на бестселерот на Драузио Варела.
Со вториот, филм базиран на вистински истории на затворениците од најголемиот машки затвор во бразилски Сао Паоло, Бобенко се навраќа на темата хомосексуализмот во затвори.
Оваа тема ја отвори токму во „Бакнежот на жената пајак“ кој беше номиниран во вкупно три категории за Оскар, а ја освои само за најдобар актер. Филмот е снимен според романот на аргентинскиот писател Мануел Пуига, а во главните ролји настапуваат Вилијарм Харт (Лиус Молина) и Раул Џулиа (Валентин Арегуи). Станува збор за двајца затвореници, хомосексуалец обвинет за заведување малолетник и за политички затвореник кои делат иста ќелија, и постепено се зближуваат во тешките затворски услови.
Бобенко во 1987 снимаше и со големите холивудски ѕвезди Џек Николсон и Мерил Стрип за филмот „Ironweed“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.