Сите ние во нашите кујни имаме разни зачини и растенија кои имаат многу лековити својства.
Меѓутоа нашите претци клои ги откриле тие растенија, пред се, верувале во нивните магиски особини. Еве кое растение е добро за богатство и просперитет, а кое за среќа.
Босилек за богатство и просперитет
Ако немате пари, обидете се со малку босилек. Босилекот ќе ве натера да се преиспитате што е за вас навистина вредно и во вашиот мозок ќе се разбуди идеја како да дојдете до тоа. Обидете се да конзумирате босилек во текот на утринската ужинка за плоден остаток на денот.
Розите за љубов и пријателство
Знаете дека розите се симбол на љубовта и пријателството, па зошто да не ги искористите за да ги подобрите односите околу себе? Тие ќе направат чудо за романтика, љубов, пријателство и семејни односи. Може да се користат и како зачин во храната, но од нив може да направите и пилинг или тоник за тело.
Рузмарин за исцелување
Ако сте емоционално повредени, рузмаринот ќе помогне да ги смирите и излечите невидливите рани. Се верува дека ќе ги смири моменталните чувства, но и ќе ви помогне да сгтанете емотивно посилна личност. Направете го својот дом миризлив така што ќе сварите парче лимон, рузмарин и ванила во вода.
Лук за заштита
Лукот ги елиминира сите непријатности. Има бројни здравствени предности, но и тоа исто така е поврзано со заштитата од зло, па така вашиот дом ќе биде духовно заштите. Не се за џабе и верувањата дека лукот штити од вампири и лоши сили. Во селата често можете да видите низи лук како висат на ѕидот во кујната, а тоа не е случајно.
Мајчина душичка за знаење
Според верувањата, мајчината душичка е поврзана со знаењето и разбирањето. Ако ја користите, можеби ќе ви помогне подобро да сфатите многу нешта во својот живот.
Каранфилче за привлечност
Овде не станува збор за сексуална привлечност. Каранфилчето ќе ви помогне да сфатите што навистина ви е потребно и како да дојдете до тоа. Освен како зачин во исхраната, ожете да го додадете и во купка.
Нане за јасно размислување
Ако минувате низ тежок период во кој морате да донесете некои важни одлуки, обидете се да седнете со шолја чај од нане и да ги исчистите своите мисли. Како дополнителен бонус, нането има многу здравствени бенефити.
Лаванда за убавина
Понекогаш светот изгледа како грдо место и мораме повторно да ја пронајдеме животната убавина. Лавандата е цвет за смирување кој може да помогне да се опуштите и да го погледнете светот околу себе со поинакви очи. Може да помогне да ја пронајдете убавината во себе. Користете производи за капење на база на лаванда.
Жалфија за чистење
Жалфијата во разни култури се смета за чистач на куќата од негативности или влијанија од штетни мисли.
Цимет за среќа
Ако сте во потрага по среќа, додајте цимет во шолја чај или во омилениот десерт. Како и босилекот се поврзува со благосостојба и се верува дека ја стимулира интуицијата која може да ви помогне во својот живот да внесете среќа и да ги избегнете лошите нешта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.