УХМР најавува вонредна временска прогноза во Македонија. Под влијание на влажна, нестабилна воздушна маса, утре попладне нè очекува силно невреме. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места ќе има нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.
Ќе има силно невреме проследено со силен ветер, а ќе има услови и за појава на град.
Во северните делови од земјата ќе има „потоп“. Се очекува да наврнат 25 литри на квадратен метар.
Со оглед на влажната маса, ќе има и пад на температурите, со што ни следи уште еден температурен шок со оглед на тоа дека Македонија денеска е во жолта алертна фаза. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени. Ќе се движи од 20 до 29 Целзиусови степени.
По викендот, од понеделник не очекува стабилизација на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.